• недела, 09 јуни 2024

„Денови на книгата“ во Рамстор мол

„Денови на книгата“ во Рамстор мол
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) и Трговскиот центар Рамстор мол организираат „Денови на книгата“. Посетителите од денеска до недела во Рамстор мол ќе можат да купат книги од домашни и странски автори, стручна, научна и белетристичка литература, книги за деца и млади. На „Денови на книгата“ ќе учествуваат голем број македонски издавачки куќи и книжарници: Издавачки центар „ТРИ“, „Арс Ламина“, „Антолог“, Издавачката куќа „Полица“, „Култура“, „Сакам Книги“, „Топер“, „Бата прес“, „Едука Мак“, „Мартина“, „Паблишер“, „Икона“ и „Просветно дело“. Организаторите соопштија дека согласно протоколите за спречување на ширење на коронавирусот во Рамстор мол ќе бидат обезбедени сите безбедносни мерки за учесниците и купувачите. мд/дма/

Остани поврзан