Дендиас и Палмас разговарале за можноста за заедничко учество на Грција и Кипар во одбранбени проекти финансирани од програмата САФЕ
- За перспективите за соработка меѓу Грција и Кипар за заедничко учество и подготовка на проекти што ќе бидат финансирани од програмата САФЕ, разговарале министрите за одбрана на двете земји Никос Дендиас и Василис Палмас на нивната денешна средба во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 28 октомври 2025 (МИА) – За перспективите за соработка меѓу Грција и Кипар за заедничко учество и подготовка на проекти што ќе бидат финансирани од програмата САФЕ, разговарале министрите за одбрана на двете земји Никос Дендиас и Василис Палмас на нивната денешна средба во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за одбрана на Република Кипар Палмас присуствуваше на воената парада во Солун по повод националниот празник на Грција и оствари средба со неговиот грчки колега.
Дендиас преку Икс информираше дека средбата била во рамките на нивните редовни контакти, разговарале за одбранбената соработка меѓу Грција и Кипар, како и за последните меѓународни случувања поврзани со безбедносните прашања, но размениле мислења и за заедничкото учество преку проекти во одбранбената европска програма САФЕ.
Палмас, исто така на Икс напиша дека со Дендиас разговарале за актуелните случувања во регионот, прашања од одбраната и безбедноста и аспекти на третиот Меѓувладин самит Кипар – Грција, што ќе се одржи во блиска иднина. ср/ссм/
Фото: Икс- Никос Дендиас