Денвер го победи Сан Антонио во продолжение, Јокиќ постигна 40 поени
- Денвер синоќа на домашен терен го победи Сан Антонио во натпревар од регуларната сезона на НБА дома, со 136:134 во продолжение.
Денвер, 5 април 2026 (МИА) - Денвер синоќа на домашен терен го победи Сан Антонио во натпревар од регуларната сезона на НБА дома, со 136:134 во продолжение.
Српскиот центар на Денвер, Никола Јокиќ, беше најефикасен на натпреварот со 40 поени и 13 асистенции.
Денвер го доби осмиот натпревар по ред и е четврти на табелата во Западната конференција (50-28).
Сан Антонио сега има биланс 59-19 и е втор на Запад. Лидер е Оклахома сити со 61 победа и 16 порази. зс/
Фото: ЕПА