• четврток, 21 ноември 2024

Демократско движење: Масовниот егзодус на младите, главен резултат на 20-годишното владеење на ДУИ

Демократско движење: Масовниот егзодус на младите, главен резултат на 20-годишното владеење на ДУИ

Скопје, 29 октомври 2023

Додека од една страна владините функционери во Северна Македонија зборуваат за „демек“  „Успехот и перспективите“ во областа на економијата, од друга страна, младите, особено младите албанци, не гледаат никаква перспектива, затоа за подобра иднина тие заминуваат кон западот. Нивното заминување се повеќе станува видливо во нашиот круг!

Треба да се напомене дека заминувањето од дома, во албанските обичаи се оценува како тажен сегмент, заради тоа што се смета како последен чекор кон трудот за наоѓање алтернативни решенија. 

Во сабота автобуските станици (но и Аеродромот во Скопје) се преполни со семејства кои ги испраќаат нивните деца со нивните едносмерни карти. Шокантна е сликата, слика која рефлектира неуспешност на една Влада, која размислува само за перспекивата на нивните членови и семејства. 

Џабе е повикот на ДУИ за да аплицираат младите во изградба на коридори. За пополнување на 2000 работни места, едвај 300 се заинтересирани, бидејќи работната сила излева надвор од Северна Македонија. 

Масовно заминување направи за албанските населби да се празнат, во алармантни параметри е намален бројот на ученици, да се затварат домови и да се отвараат многу душевни рани.

Сето ова е последица на лошото владеење, неправдата, корупцијата, несигурноста, немањето перспектива, недостаток на моралот, заробувањето на државата и крадењето!

Затоа, заминувањето на младите нема да прекине, како што нема да прекинуваат авионите и автобусите кои ги носаат овие очајни млади во Западните места, во кои се надеваат дека ќе пронајдат подостоинствен живот.

Демократско Движење

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан