• петок, 22 ноември 2024

Демократско Движење: ДУИ со празни ветувања го остави во заборав туристичкиот центар “Попова Шапка”

Демократско Движење: ДУИ со празни ветувања го остави во заборав туристичкиот центар “Попова Шапка”

Скопје, 29 декември 2023

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Во пресрет на започнувањето на туристичката сезона во туристичкиот центар “Попова Шапка”, и оваа година како и со децении наназад сме сведоци на недостатокот на капиталните инвестиции како неопходна потреба на времето за овој центар, покрај недостатокот на инвестиции и класичната измама на владата особено од страна на албанската партија на власт-ДУИ, чиј кадар управува однсно подобро кажано злоупотребува со овој туристички центар.

Не подалеку од минатата година владата на РСМ односно директорот на “ЕЛЕМ ТУРС” имаа најавено на попозен начин инвестиција вредна повеке од 186 милиони евра за модернизација и развој на туристичкиот центар Попова Шапка од различни меќународни инвеститори во конкретниот случај тој од Италија со името “Текно Алпин”, кој предвидуваше реализирање на инвестиција во шест фази, а само во првата фаза беа планирани над 55 милиони евра, и како резултат на таа инвестиција требаше да има нови скијачки патеки, нов лифт и ски лифт, ке требаше да се обновува хотел “Славија”, како и изградба на нови други хотели, над 600 паркинг места, изградба на нови пристапни улици од Попова Шапка до скијачките патеки,а исто и во оваа прва фаза беше планирано и изнвестиција во систем за вештачки снег, сето тоа со почеток на изградбите во 2023 година.

Почитувани граѓани, не делат само неколку денови од 2024 година а што се однесува до инвестициите и надежта дека конечно овој чентар ке го добие заслужениот институционален третман имајќи в предвид значајноста и потенциалот која истата го има во придонесување на локалниот економски развој истотака и тој на државно ниво, со фактот дека на секоја зимска сезона овој туристички центар е посетен од илјадници домашни и странски посетители, а за жал почетокот на инвестициите никаде не се гледа во хоризонтот!

Ова не е прв пат вакви слични пројекти да започнуваат и да останат без епилог, бидејќи заедничкиот именител на сите неуспеси на капитални инвестиции во градот Тетово како и полошкиот регион воопшто, а особено за овој туристички центар е само еден виновник, а тој виновник е ДУИ, затоа пак сметаме дека ден поскоро што оваа криминогена структура да си замине од власт ке се отстрани и последната пречка за функсионализација и ревитализација на овој туристички центар, но и за сите други области на општествениот живот воопшто!

Фатиф Хусеини, претставник на Демократско Движење

фото Демократско движење

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан