• петок, 05 декември 2025

Демократски сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Демократски сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа

Скопје, 26 септември 2025

Демократскиот сојуз бара да престанеме со носење на резолуции и декларации кои никого не го обврзуваат и никој не ги разгледува или чита, стои во соопштението на ДС кое МИА го пренесува интегрално.

Демократскиот сојуз предлага македонскиот Парламент да се обрати до Советот на Европската Унија со следните барања:

Советот на Европската Унија да ги донесе следните заклучоци:

Прво, по приемот на Македонија во Европската Унија, Македонскиот јазик да биде официјален јазик.

Второ, историските, идентитетските и јазичните прашања да не можат да бидат основа за блокада на евроинтегративните процеси.

Трето, да ја обврзе Бугарија да ги спроведат одлуките на Меѓународниот суд за човекови права од Стразбур, со кои ќе им се овозможи на Македонците во Бугарија да се здружуваат за афирмација на своите особености поврзани со јазикот, културата, историјата итн.

На овој начин ќе се покаже национално единство и ќе се предизвика реакција од страна на ЕУ.

Предлагаме конкретна активност, а не резолуции или декларации кои се користат за дневно политички препукувања, манипулации и политички маркетинг.

Демократски сојуз

Фото: Демократски сојуз

 

Остани поврзан