Демократски сили на Ромите прослави 23-годишни од своето основање
- Демократските сили на Ромите (ДСР) синоќа ја прославија 23-годишнината од своето основање.
Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) – Демократските сили на Ромите (ДСР) синоќа ја прославија 23-годишнината од своето основање.
Како што соопшти претседателот на ДСР и актуелен министер без ресор задолжен за интеграција на Ромите, Шабан Салиу, тој во своето обраќање пред членовите, симпатизерите и пријателите на партијата истакнали дека ДСР е создадена како политички одговор на системската дискриминација кон ромската заедница.
-Кога ја основавме ДСР, влогот беше едноставен и огромен, да ја претвориме болката од дискриминацијата во политичка сила и еднакво граѓанство. Не баравме милостина, баравме правила што важат за сите и институции што служат и на Ромите, истакна Салиу.
Говорејќи за својата актуелна улога во Владата, нагласил дека институционалната одговорност е клучна за реална промена.
-Како министер, мојата обврска е да ја претворам политичката порака во мерлива институционална работа – од координација на националните политики за инклузија до отворени врати за граѓаните. Државата мора да биде предвидлива, отчетна и фер, истакна тој.
Во пресрет на локалните избори на 19 октомври, каде што Салиу е кандидат за градоначалник на Општина Шуто Оризари, тој ја претставил визијата на ДСР за општината.
-Влегуваме со победничка енергија и јасен системски план, функционална инфраструктура, силно образование и култура, фер здравствена и социјална грижа, локална економија што отвора работни места и зелена, транспарентна општина со јавно управување и отчет. Не ветуваме туку остваруваме, порача Салиу.
Според него, кампањата на ДСР се темели на политичка зрелост и граѓанска одговорност, нагласувајќи дека борбата на партијата останува мирна, уставна и насочена кон резултати што се гледаат во секојдневниот живот на граѓаните. бк/
фото: Шабан Салиу