• недела, 22 декември 2024

Демократите договараат 1.400 долари исплати само за Американците со пониски примања 

Демократите договараат 1.400 долари исплати само за Американците со пониски примања 

Вашингтон, 8 февруари 2021 (МИА) Американците ќе добијат 1.400 долари директна исплата како помош во пандемијата, но „сеуште се дискутира за границата“ кои категории на настрадани ќе примат таква помош, изјавија од Белата куќа. 

На редовниот прес брифинг денеска, портпаролот Џенифер Псаки изјави дека сеуште се преговара за ова. 

Извесно е дека ќе се намали прагот на висината на примањата од 75.000 до 50.000 долари годишно. Така, оние кои примат повеќе од 50.000 долари годишна плата можеби ќе бидат изземени од помошта. 

Сепак, таквата идеја е критикувана од сенаторите како Берни Сандерс од Вермонт и Рон Вајден од Орегон, кои сметаат дека од пандемијата настрадаа и многу семејства од средната класа, не само оние кои заработуваат помалку. 

Со тоа што веќе примиле 600 долари во декември, плус  пакетот на претседателот Џо Бајден, милиони Американци до средината на март годинава ќе примат исплати од 2,000 долари вкупно. 

На брифингот, Псаки изјави дека Администрацијата е отворена за преговори со Конгресот за тоа каков ќе биде прагот според кој ќе се долучува кој ќе прими помош. /кб  

Остани поврзан