• среда, 06 ноември 2024

Демир: Некои С-400 веќе се пуштени во употреба во Турција

Демир: Некои С-400 веќе се пуштени во употреба во Турција
Анкара, 8 мај 2020 (МИА) - Диркторот на турската одбранбена индустрија Исмаил Демир денеска изјави дека Турција ќе продолжи да распоредува руските ракетни системи С-400 и оти ќе продолжи да порачува одредени комплекси. - Распоредувањето на С-400 продолжува и некои системи веќе се во употреба, посочи Демир. Тој додаде оти Русија нема пристап до распоредените системи во Турција. - Договорот за набавка на С-400 вклучува и клаузула за обука на турските војници и одржување, но рускиот персонал нема да има пристап до С-400, наведе Демир. Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин на 30-ти април изјави дека распоредувањето на С-400 во Турција е одложено поради пандемијата со новиот коронавирус. На 21 април, портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортегус, изјави дека Вашингтон е „многу загрижен“ за извештаите дека Анкара продолжува со распоредување на С-400. ми/

Остани поврзан