• петок, 22 ноември 2024

Демарш од грчкото МНР до рускиот амбасадор во Атина за протерувањето на грчките дипломати

Демарш од грчкото МНР до рускиот амбасадор во Атина за протерувањето на грчките дипломати
Атина, 1 јули 2022 (МИА) – Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Грција упатил демарш до рускиот амбасадор во Атина поради протерувањето на осуммината грчки дипломати во Русија, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Било истакнато дека руската реакција е непропорционална во споредба со мерките што ги објави Грција против одредени руски дипломати, кои беа прогласени за непожелни, бидејќи „докажано имале активност што не е во согласност со нивниот дипломатски статус, согласно одредбите од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година и Виенската конвенција за конзуларни односи од 1963 година“. -Напротив, протерувањата на грчките дипломати немаат никаква оправдувачка основа, освен што функционираат како непропорционална репресалија. Исто така, беше потенцирано дека грчките дипломати на ниту еден начин не ги прекршија Виенските конвенции, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција. Дополнително,  грчката страна изразила протест за содржината на неодамнешните изјави на руските функционери и било истакнато дека „треба да се избегнуваат генерализации и обвинувања против Грција кои не можат да се проверат“. Во понеделникот, Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека осум грчки дипломати се прогласени за персона нон грата во земјата и се должни да ја напуштат Русија во рок од осум дена. ср/сд/

Остани поврзан