Дел од населбата Кисела Вода без вода
- Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Јордан Филиповски“ и „Есенинова“ во населбата Кисела Вода.

Скопје, 3 јануари 2025 (МИА) - Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Јордан Филиповски“ и „Есенинова“ во населбата Кисела Вода.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради поврзување нова на веќе постоечка мрежа Ф-100мм на ул.„Жил Верн“ бр.12 во населба Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. фф/хс/
Фото: МИА Архива