• петок, 26 јули 2024

Делчево ја одбележа 78-годишнината од Февруарскиот поход

Делчево ја одбележа 78-годишнината од Февруарскиот поход
Делчево, 27 февруари 2022 (МИА) - На пригодна свеченост во Делчево одбележани 78 години од успешното изведување на Февруарскиот поход кој имал големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија. Поради лошите временски услови и интензивните врнежи од снег, настанот се одвиваше само пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот пред кои се поклонија и положија цвеќе делегација од Општина Делчево, делегација од Советот, пратеничката во Собранието, Соња Михаиловска, претставници од политички партии, институции, здруженија на граѓани и пред спомен плочата на Февруарскиот поход на планината Голак положија членови на Здружението на пензионери и планинари од Делчево. Во рамки на настанот, членови од Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944 година и борбените операции на Третата борбена единица во регионот на Голак, Беласица, Плачковица и Осогово. Поради лошите временски услови и заради безбедност, беше ограничен и планинарскиот марш до Долни Балван на надморска висина од 1030 метри на кој учествуваа 50-ина младинци од ПСК ,,Голак". Во чест на значајниот датум, на учесниците на настанот им беа доделени благодарници.вс/фф/

Остани поврзан