• сабота, 21 декември 2024

Делчево доби 75 нови клупи за централното градско подрачје

Делчево доби 75 нови клупи за централното градско подрачје

Делчево, 16 декември 2024 (МИА) - Заврши замената на старите клупи и поставувањето на нови вкупно 75 метални клупи во централното подрачје на Делчево.

Новите метални клупи како што соопшти градоначалникот Горан Трајковски се поставени во градскиот парк, околу новата фонтана и на уште неколку локации каде се утврди потреба од поставување на ваква урбана опрема.

-Во првата фаза од проектот во месец септември преку набавка спроведена од Општина Делчево набавени беа 10 стандардни клупи и 8 полукружни клупи со должина од 31 метар наменети за паркот кај паднатите борци и фонтаната „Бесконечност“ во Делчево, информираше Трајковски.

Втората фаза како што додаде се реализираше со набавка на уште 57 клупи од страна на Здружението Регионален центар за застапување.

-Иницијативата за клупите произлезе од членовите на Младинска Банка Делчево чиј локален координатор е Регионалниот центар за застапување, во рамки на проектот „Направи разлика“ имплементиран од Фондацијата за развој на локаланта заедница Штип, финансиран од USAID, додаде Трајковски.

До граѓаните апелираше за совесно користење и чување на оваа урбана опрема. вс/са/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан