Делчево доби нова урбана опрема за уредување на јавните простори
- Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски информира дека во изминатиот период во градот е поставена нова урбана опрема со цел разубавување и уредување на јавните површини.
Делчево, 15 септември 2025 (МИА) – Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски информира дека во изминатиот период во градот е поставена нова урбана опрема со цел разубавување и уредување на јавните површини.
Во рамки на последната фаза се поставени 40 нови клупи, 60 корпи за отпадоци и пет канделабри, со што се создава почист, поуреден и побезбеден јавен простор за граѓаните.
-Овие инвестиции се дел од нашата визија за современ и уреден град, во кој граѓаните ќе имаат пријатни услови за одмор, дружење и секојдневни активности. Со поставувањето на новата опрема испраќаме порака дека се грижиме за животната средина, јавниот ред и комфорот на секој жител, изјави градоначалникот Трајковски.
Според податоците од Општината, досега во Делчево се поставени 115 клупи, 60 корпи за отпадоци и пет заменети канделабри.
Трајковски нагласи дека Општината ќе продолжи со инвестиции во уредување и одржување на јавните простори, со цел подобрување на квалитетот на живот на жителите. вс/
Фото: МИА