• четврток, 04 декември 2025

Делчево ги слави заштитниците на градот Светите браќа Кирил и Методиј

Делчево ги слави заштитниците на градот Светите браќа Кирил и Методиј

Делчево, 24 мај 2025 (МИА) - Делчево денеска го слави 24 Мај, Ден на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј кои се заштитници на градот. По тој повод епископот Делчевско-каменички г. Марко во сослужение со делчевските свештеници одржа Света архиерејска литургија на која  присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На литургијата, епископот на делчевско-каменичката епархија пред верниците ја истакна важноста на мисијата на сесловенските просветители.

-Влијанието што светите браќа го извршиле ние до ден денеска го имаме и го развиваме и понатаму. Тоа бил црковно словенскиот јазик на кој што светите браќа ги превеле литургијата и светото писмо, а потоа и богослужбените книги кои дотогаш постоеле, истакна г. Марко, кој потоа додели благодарници и признанија на истакнати поединци и граѓани кои со својата работа имаат дадено значаен придонес во зајакнувањето на мисијата на црквата.

Во рамки на настанот беа доделени и дипломи на учениците кои посетувале курсеви по англиски и германски јазик во црковното јазично училиште. 

По завршувањето на литургијата беше одржана и света литија од храмот Св. Кирил и Методиј до параклисот Св. Климент Охридски по што беше послужен Славски колач за верниците.

Во рамки на програмата за одбележување на 24 Мај - Ден на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ беше промовиран Палеографски албум на јужнословенско кирилично писмо од проф. Владимир Мошин, а синоќа беше одржан и концерт на фолклорната група при НУЦК „Н.Ј.Вапцаров" Делчево. вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан