Делта победник на Купот на Македонија во атлетика
- Клубот Делта од Скопје трета година по ред е со најдобри резултати на Купот на Македонија одржан изминатиот викенд на Арената „Тодор Проески“.
Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Клубот Делта од Скопје трета година по ред е со најдобри резултати на Купот на Македонија одржан изминатиот викенд на Арената „Тодор Проески“.
Ова е петта титула за Делта во последните шест години. Делта на крајот освои 894 бодови, пред Куманово со 485 и 7-ми Мај со 351 бод.
Во женска конкуренција победи Куманово (536 бода0, пред Дрини Старт (338) и 7-ми Мај (309). зс/
Фото: АФМ