• четврток, 18 јули 2024

Деле Али разочаран од резултатот на Тотенхем против Челзи

Деле Али разочаран од резултатот на Тотенхем против Челзи
Лондон, 20 септември 2021 (МИА) - Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али проговори за поразот во 5. коло од Премиер лигата против Челзи (0:3). - Можевме да прикажеме подобра игра и да освоиме три бода. Добро го започнавме натпреварот, бевме задоволни од нашето издание за време на паузата. Мислевме дека ја контролираме играта. Резултатот е неправеден. Но, ние мора да го прифатиме и да продолжиме напред, изјави Али за Би-би-си. Челзи трите гола ги постигна во второто полувреме. По пет кола од Премиер лигата, Тотенхем има освоено девет бода и е на 7.место. Во следниот натпревар, Спарс ќе се соочи со Вулверхемптон во натпревар од третата рунда во Лига купот. Средбата ќе се одржи на 22 септември. зс/

Остани поврзан