• понеделник, 23 декември 2024

Делегација предводена од премиерот Мицкоски патува за САД на НАТО Самитот во Вашингтон

Делегација предводена од премиерот Мицкоски патува за САД на НАТО Самитот во Вашингтон

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) – Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска патува за САД, каде ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, на кој Алијансата одбележува 75 години од формирањето.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во видео објавено на својот Фејсбук профил, порача дека настанот е одлична прилика да го „демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка“.

-    Денес патуваме за САД, каде делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон. Во оваа прилика упатувам благодарност до нашите стратешки партнери за организацијата на овој историски самит, на кој Алијансата одбележува 75 години постоење. Настанот е одлична прилика да го демонстрираме единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка. Ние и понатаму продолжуваме да бидеме кредибилен НАТО сојузник, со повеќе од 2% од БДП инвестиции во одбраната како и со поддршката која ја даваме на Украина, порача Муцунски во видео обраќање. 

Лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вашингтон од 9 до 11 јули. аа/ир/

Фото: принтскрин

 

Остани поврзан