• понеделник, 23 декември 2024

Делегација на Партијата за движење на Турците на средби во Брисел

Делегација на Партијата за движење на Турците на средби во Брисел
2 февруари 2022 
Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од председателот Енес Ибрахим, во Брисел одржа низа средби со повеќе европратеници.
ТХП како прогресивна партија која се залага за евроинтеграција на нашата земја своите ставови во врска со деблокирањето на преговорите ги изнесе и пред европратеникот и известувач за С. Македонија, Илхан Ќучук. Веруваме дека може да се конструира преговорачка рамка која ќе биде фер и во согласност со европските вредности. При средбите, Ибрахим истакна дека нашата земја ја цени постојаната и принципиелна поддршка од Европскиот Парламент и побара дополнителен елан за успешно чекорење кон ЕУ, при овие историски моменти за нашата земја.
Демократијата, како и човековите права и слободи се носечки столбови на големото европско семејство, затоа и сме убедени дека интеграцискиот процес на нашата земја треба да се трасира токму преку овие начела.
Партијата за движење на Турците (ТХП) 
————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан