• сабота, 21 декември 2024

Делегации од Епинал и Измир за празникот на Битола

Делегации од Епинал и Измир за празникот на Битола

Битола, 2 ноември 2023 (МИА) - Делегација од францускиот град Епинал и стопанска делегација од турскиот град Измир, како и гости од други збратимени градови од утре и викендов ќе престојуваат во Битола за да го прослават 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Програмата за одбележување на празникот на Битола е утврдена и во рамки на можностите, изјави градоначалникот Тони Коњановски.

- Градот заслужува достоинствено да се одбележи празникот. Програмата ќе биде реализирана во рамки на можностите, а ќе има и некое изненадување. Во Битола ќе пристигнат делегации од збратимените градови, делагација од Епинал предводена од градоначалникот, делегација од Измир со претставници на стопанската комора од тој турски град со цел да ги продлабочиме стопанските врски и соработка, а ќе има и други гости. Сите ќе присуствуваат и на свечената академија на која како што е познато ја врачуваме наградата за животно дело, а таа годинава му приипадна и ќе нагласам заслужено, на реномираниот хроничар и новинар Димче Миновски. Одлуката беше едногласно и без двојба, а заслужено доделени се и другите едногодишни награди и признанија, истакна Коњановски.

Според празничната програма, вечер во кино Манаки ќе биде изведена театарската претстава „Куфер.МК“, утревечер е традиционалната ноќна атлетска трка, а ќе се одржи и шаховски турнир за слепи лица.

Свечената академија е закажана за 4 ноември, а празничната програма ќе биде заокружена на 11 ноември со традиционална изложба на члкеновите на Друштвото на ликовните уметници од Битола. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан