• понеделник, 18 ноември 2024

Девет пожари на отворено изминатите 24 часа

Девет пожари на отворено изминатите 24 часа

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Девет пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати од пожарникарите. Нема активни пожари изутринава, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во изминатите 24 часа, ѓубре горело во општина Гази Баба, како и во Карпош, каде горела и сува трева. Огнени јазици зафатиле сува трева и грмушки крај стариот пат за Арачиново. Стрниште горело во село Копаница, општина Сарај. Опожарено ѓубриште имало во општините Битола и Струга - во село Габалавци и во реон кон граничниот премин „Ќафасан“. Во општина Свети Николе, кај селото Горобинци изгореле грмушки и сува трева, нискостеблеста шума и помошен објект. Пожар на стрниште е регистриран во општина Кочани, кај село Облешево. Сува трева горела во општина Куманово, кај населбата „Диво Насеље“.

- Во последното деноноќие имало вкупно 1.975 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 55,75 отсто, а 44,25 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 61,47 проценти, кон Итната медицинска помош - 24,36 отсто, кон пожарникарите - 4,81 процент, а кон АМСМ - 0,29 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се наведува во соопштението. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан