• недела, 22 декември 2024

Девет медали за македонските каратисти на Балканијадата во Тирана

Девет медали за македонските каратисти на Балканијадата во Тирана

Тирана, 25 септември 2023 (МИА) – Пет сребрени и четири бронзени медали освоија македонските репрезентативци на Балканското сениорско првенство во карате кое изминатиот викенд се одржа во Тирана.

Во поединечна конкуренција, со сребрени одличја за закитија Викторија Јовановска во категоријата до 61 килограми, Емил Павлов (до 67 килограми) и Берат Јакупи (над 84 килограми), додека бронзени медали освоија Вероника Костовска (до 61 кг), Фаик Весели (до 60 кг) и Петар Заборски (до 75 кг).

Машката репрезентација во состав Глигор Хаџи-Кимов, Берат Јакупи, Мурсел Мисини, Емил Павлов, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ и Витомир Трајковски освои сребро во борби, откако во финалето загуби од Србија со 1-3, додека сребрен медал освои и машкиот состав Кристијан Бајовски, Александар Спасовски и Давид Спасовски во кати.

Во женска конкуренција во дисциплината борби, Јована Георгиева, Вероника Костовска, Бојана Манева и Ангела Мојсовска освоија бронза. ег/вј/ 

Фото: КФМ

 

Остани поврзан