• понеделник, 23 декември 2024

Девет лица уапсени во Босна и Херцеговина во голема меѓународна акција на СИПА, хрватското МВР и Европол

Девет лица уапсени во Босна и Херцеговина во голема меѓународна акција на СИПА, хрватското МВР и Европол

Сараево, 6 февруари 2024 (МИА) - Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во соработка со колегите од хрватското МВР и Европол од утрово спроведуваат голема меѓународна акција против трговијата со луѓе, дознава Klix.ba.

На територијата на Република Хрватска се уапсени четири лица и извршени се претреси на четири локации, додека на територијата на Босна и Херцеговина, поконкретно, кантонот Тузла, уапсени се девет лица и извршени се претреси на 13 локации.

Цел на акцијата се шверцери на луѓе кои, со камиони и теренци превезувале турски државјани од Сараево преку државната граница до Хрватска, а потоа во Германија.

Турците легално пристигнале со авиони во Сараево, од каде што биле превземени од шверцери и илегално возени преку Босна и Херцеговина.

Членовите на СИПА следеа неколку вакви тури и го прекинаа синџирот на шверцери.

Уапсени се државјани на Босна и Херцеговина и на Хрватска. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан