• понеделник, 14 јули 2025

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани

Кочани, 14 јуни 2025 (МИА) - Семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“, продолжуваат со организирање „Марш за ангелите“, а денеска ќе се одржи деветтиот по ред.

За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.

Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата и ги повикуваат нивните блиски, роднини и пријатели, да се придружат. Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто тие велат дека не е несреќен случај, туку масовно убиство.

Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на револуцијата, ќе продолжат низ трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Организаторите ги покануваат сите граѓани, кои даваат поддршка на нивните барања, да им се придружат. та/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан