• петок, 21 февруари 2025

Дебранец приведен во Охрид при кражба на велосипед

Дебранец приведен во Охрид при кражба на велосипед

Дебар, 18 февруари 2025 (МИА) – Полициски службеници во Охрид лишиле од слобода жител на Дебар при кражба на велосипед.

-Синоќа во 20 часот, на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Охрид го лишија од слобода Ш.Р.(38) од Дебар. Тој бил затекнат при обид да одземе велосипед пред влез во зграда на истата улица, информираше Стефан Димоски, посрпарол на СВР-Охрид.

Според него по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. вт/сст/

фото МИА архива

Остани поврзан