• недела, 22 декември 2024

Дебата НКЕУ-МК: Конфискацијата на имот клучна во сузбивање на криминалот, законската рамка за конфискација неконзистентна

Дебата НКЕУ-МК: Конфискацијата на имот клучна во сузбивање на криминалот, законската рамка за конфискација неконзистентна
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) - Конфискацијата на имот претставува една од најважните и најрелевантни алатки за сузбивање на економскиот криминал и за спречување и за борба против корупцијата. Законската рамка во однос на конфискацијата на имот во државава е неконзистентна и има многу недоследности, додека за примената на конфискацијата на имот и имотна корист важно е да се работи на отстранување на неусогласеноста меѓу институциите и да се зајакне меѓуресорската соработка. Финансиските истраги треба да бидат мултидемензионални и да ги сочинуваат сите видови кривични истраги за организиран криминал. Ова беа главните заклучоци на учесниците на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23), во рамки на деветтата сесија на Националната конвенција за ЕУ во С Македонија на тема „Нов извештај на Европската комисија – стари проблеми: Како до поголема ефикасност во изрекувањето и извршувањето на мерката конфискација на имот“, во организација на Европското движење. Националната координаторка на НКЕУ-МК и претседател на Европското движење во земјава, професорката Милева Ѓуровска, во обраќањето на сесијата истакна дека размислувајќи за последиците од корупцијата, анализите на меѓународен план покажуваат дека за секое евро присвоено на криминален начин, јавните ресурси стануваат посиромашни за три евра. Таа посочи дека мерката конфискација на имот е многу важна во спречувањето и борбата против корупцијата бидејќи нејзиното отусуство во казнените мерки може да ја испрати пораката дека ресурсите стекнати преку злоупотреба на јавните функции можат непречено да бидат користени. - Ваквата состојба кроупцијата ја подига на стешен на норма пренасочувајќи го интересот на луѓето од продклиткивни активости кон коруптивни активности, најдобро изразена преку реченицата креираната од народот „Кој денес се збогатил од работа?“. Заклучокот е дека намест да се користи својот талент и работбна способост за да се создадат богатства, поединците се фокусираат на прераспределување на јавните ресусрси кои станмуваат се пооскудни, а резултатот р презадолжување на државте, заклучи Ѓуровска. Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Никола Тупанчески истакна дека конфискацијата на имот претставува една од најважните и најрелевантни алатки за сузбивање на економскиот криминал. - Конфискацијата на имот претставува инструмент или механизам што ќе овозможи да се негира криминалниот принос или приносите коишто се стеканти со кривично дело. Во Извештајот на ЕК е констатирано дека има позитивно поместување на нештата тука, меѓутоа суштинско е прашањето дали во нашето општество има преголеми очекувања или се премали резултатите што ги постигнуваме, истакна тој. Тупанчевски оцени дека фактот дека во државава во последниве десет години во ниту еден град не е изречена мерката конфискација на имот, освен во Скопје, говори дека нешто треба да се менува во однос на ефикасноста, во однос на примената на конфискацијата на имот. - Она што е уште поважно е надградбата или она што се вика додадена вредност на конфискацијата, тоа е инструментот проширена конфискација, односно да биде изречена конфискацијата без правосилна пресуда, практично во Македонија и да не е изречена, а таа постои од 2009 година. Според него, една од причините за овој проблем е правната недореченост, истакнувајќи дека во моментов се работи на нов Кривичен законик и Закон за кривична постапка, што е важна можност да се корегираат овие работи. - Вториот корпус прашања што треба исто така да биде важен за корекција на она што се нарекува примена на конфискацијата на имот и имотна корист е неусогласеноста меѓу институциите. Тоа е факторот меѓуресорска соработка. Има седум институции што се специјализирани и што би требало да ја применуваат оваа мерка, конфискација на имот и имотна корист, но изостанува координацијата, рече тој, додавајќи дека од 1 јануари 2022 е најавено оти ќе има нова платформа каде што ќе има интероперабилност и сите институции ќе бидат поврзани меѓусебе, и на тој начин ќе биде зголемен и степенот на соработка помеѓу нив. Фросина Тасевска, државен советник за евроинтеграции во Министерството за правда, истакна дека Кривичниот закон е во голема мера усогласен со стандардите на ЕУ со висока оценка пет, според оценките што ги дава ЕК, од друга страна констатирано е дека има голем број национални стратегии за борба против организиран криминал, тероризам, мигранти...и следно што треба да се случи е нивна практична примена. - Како проблем што мораме да го напоменеме, што се јавува во соработката со ЕК, бидејќи на годишно ниво ни доставуваат статистички податоци, е проблемот со статистиката за конфискација на имот. Тоа значи дека немаме исти податоци, немаме унифициран начин на водење на статистиката и од аспект на конфискација на имот и имотна корист и одземени предмети, истакна Тасевска. Ладислав Мајерник, шеф на секторот за меѓународно право и европски работи при Канцеларијата на јавниот обвинител во Словачка, истакна дека ЕУ има серија мерки за заштита на легалната економија и во таа смисла главната порака што ЕУ сака да ја испрати е дека криминалот не се исплати. Тој наведе податок дека приходите од казнени дела во ЕУ се над 110 милијарди евра годишно, но и покрај сите тие напори стапката на конфискација на криминално стекнат имот во ЕУ е само 1,1 процент што, според него, е разочарувачки. - ЕУ настојува дека сите мерки треба да бидат соодветно спроведени за да се држи чекор со сите трендови за внатрешниот пазар. Што се однесува до законодавството, постои Директивата за борба против перењето пари како и Директивата за замрзнување и конфискување на средствата со кои се врши криминал и на приносите од казнени дела во ЕУ и Регулативата на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ за заемно признавање на наредбите за замрзнување на имот и за конфискација на криминално стекнат имот, посочи Мајерник. Тој смета дека финансиските истраги треба да бидат мултидемензионални и да ги сочинуваат сите видови кривични истраги за организиран криминал, да се користат заеднички истражни тимови, да се користат капацитетите на Европол и да се изработи сеопфтен акциски план за финансиските истраги. Мајерник додаде дека е важно и да се зајакне соработката со трети земји во спроведувањето на финансиските истраги и во таа смисла ЕУ да ја зајакне правната рамка за управување со замрзнатиот имот, како и да се обезбеди пософистицирана платформа меѓу управите за финансиско разузнавање. Ленче Ристовска, обвинител во ОЈО - Скопје, истакна дека законската рамка во однос на конфискацијата на имот е неконзистентна и има многу недоследности. - Често кога говориме за мерките за привремено обезбедување на имотно побарување, велиме дека тие ги одобрува Советот на главна расправа, меѓутоа законодавецот тука не го користи терминот главна расправа, туку го користи терминот претрес што е еден рецидив од претходноот законодавство. Исто така кога се определени мерките за привремено обезбедување имотна корист во членот 535 од ЗКП се референцира на член 194, иако во тој член нема предвидени посебни мерки и е тоа е техничка неусогласеност на законот, рече таа. Според неа, сите пропусти на законодавецот упатуваат на тоа дека законодавецот немал системски пристап кога ги регулирал овие мерки. - Сите овие нелогичности во Законот за кривична постапка, во делот како се регулирани мерките за приремено обезбедување, сметам дека треба да се унапредат и дека треба да ги адресираме со цел да се обезбеди воедначен пристап на законодавецот во однос на сите мерки за привремено обезбедување, но прво теба да се заземе стратешки пристап каде ние би се движеле со овие мерки, оцени Ристовска. Заменик-директорот на Управата за финансиска полиција Бесим Деари, рече дека Управата е активна и во преземањето и на дејствијата во врска со финансиски истраги што ги презема по сопствени иницијативи, на барање на надлежниот обвинител и други институции, кои посочуваат на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, а врз основа на кои може да се утврди постоење на нелегално стекнат имот. - Финансиски истраги каде постојат основи на сомнение за сторено кривично дело или нелегален стекнат имот се сложен процес за кој е потребно време и големи ресурси. Самите истраги не се само проверка на банкарски сметки, туку истите претставуваат сеопфатно истражување и добивање оперативни податоци за утврдување на состојби на нелегален стекнат имот евидентиран на свое или туѓо име, рече Деари, додавајќи дека поради обемноста на истрагите, потребно е зајакнување на капацитетот на институциите во оваа област. Судијката во Основниот кривичен Суд Скопје Оља Ристова се осврна на самите постапки што се водат во Основниот кривичен суд, како и на Извештајот на ЕК во кој се препорачува да се зголеми бројот на пресуди во случај на корупција од повисоко ниво, проследени со конфискација. - Тука е констатирано дека во 2020 година се замрзнати сметките во еден случај, додека во два случаи се изречени привремени мерки за забрана за користење, оттуѓување и располагање со недвижен имот. Во три случаи на наводна корупција со првостепена одлука која не е правосилна се конфискувани пари и луксузна стока, додека во 2021 година во еден случај е замрзнат подвижен и недвижен имот и акции од значителна вредност, посочи Ристова. Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани, рече дека Агенцијата е последната алка од синџирот конфискација. Тој смета дека Агенцијата всушност треба да добие еден готов производ од страна на судските институции, и оти тие треба да бидат извршители на истото. Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање, истакна дека обврската на Управата е да ги открива нелегалните финансиски средства кои влегуваат во системот, додавајќи дека и приватниот сектор има обврска да поднесува извештаи за сомнителни финансиски активности. Обвинителството и судството треба да ја преземат таа обврска во предмети каде што иамме злоуипотреба, перење пари се влечат по три години Ако ви тие предмети не отидеме напред да покажеме дека поседуваме систем,сметајте дека лошо ќе поминеме. Дарко Аврамовски, правен истражувач во Коалицијата „Сите за правично судење“ истакна дека она што е специфично е дека Законот за кривична постапка вели дека проширената конфискација ќе се изврши ако обвинетиот не докаже во рок од една година дека легално располага со имотот, или доколку станува збор за трети лица по две години да докажат дека легално го стекнале тој имот. -Не ми е јасно зошто постои ваква разлика помеѓу обвинетиот и третите лица, меѓутоа тоа не е толку битно, колку што сакам да истакнам дека во практиката се среќаваат неколку случаи каде после две години Обвинителството се уште не ги презентирало сите докази, а имаме случаи кога се започнува одново главната расправа поради истек од 90 дена или поради промена на судечки совет, истакна Аврамовски. нд/бак/        

Остани поврзан