• сабота, 21 декември 2024

Дебата „Нелегалното оружје и организираниот криминал: сè е поврзано“

Дебата „Нелегалното оружје и организираниот криминал: сè е поврзано“
Скопје, 16 февруари 2022 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешниот онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: сè е поврзано“, во организација на Здружението на граѓани ЦИВИЛ, нагласи дека Националната стратегија претставува општа рамка на активности на Република Северна Македонија што се насочени пред се на контрола, кон превенција, искоренување на пролиферацијата на мало и лесно оружје, на неговите компоненти, како и на муницијата. Тие, истакна Спасовски, претставуваат водич за унапредување на постоечките, како и за развој на нови мерки, мехнизми инструменти за контрола, превенцијата и искоренувањето на пролиферацијата на малото и лесно оружје. - Сузбивањето на овој вид на криминал од областа на недозволената трговија со оружје и муниција, вклучувајќи ја и употребата на огненото оружје во кривичните дела од областа на организиран криминал, насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и останатите области, претставува значаен сегмент во справувањето со ризиците и заканите по внатрешната безбедност на секоја една држава. Но, тоа помага и кон одржувањето на регионалната и на глобалната безбедност. Градењето и воспоставувањето на еден систем преку утврдување на процедури, посебни механизми за контрола на легални и нелегални текови на оружје, имаат значајно влијиание врз безбедноста, рече министерот Спасовски. За улогата на армијата во контролата на оружјето и како во еден НАТО систем помага во реализација на операциите кои се однесуваат на контролата на оружјето говореше поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Нагласи дека армијата, заедно со одбранбената служба за воено разузнавање се главните елементи што би требало да ги обезбедат сите информации и инструментите како да се бориме против овие современи зла. Дополнително, рече таа, Армијата е една од институциите која мора да биде симбол за интеграција мора да биде симбол на кохезија бидејќи е присутна во различни места. - Правичната застапеност од самиот почеток прво се промовираше во армиските и полициските редови и така се намалуваат шансите и за радикализација внатре во структурите, така се влијае на намалување на говорот на омраза, така се работи и на кршење на стереотипите. Држава како Северна Македонија што е карактеристична со етничките, јазичните, религиските разлики мора да работи многу повеќе на својата внатрешна интеграција за да справи со злото наречено насилен екстремизам или тероризам. Мислам дека тоа и во Армијата и во безбедносните аструктури го сфативме и го работиме многу сериозно, рече Шекеринска. Дехран Муратов, од ЦИВИЛ од проектот за контрола на оружејто и улогата и начинот на организираниот криминал, потенцира дека во истражувањето експертите кои биле контактирани се фокусирале на исчезнување на оружје од воените магацини, како што било за време на распадот од поранешна Југославија и во Албанија. Интересно е што кај нас,  подвлече тој, не исчезна оружје од воените магацини, но имаме ситуации кога од фабриката „Еурокомпозит“ е исчезнато прилично оружје и муниција. - Има информации дека се исчезнати минофрлачи, што може да предизвикаат голем проблем. Не знаеме колку парчиња оружје исчезна, колку муниција исчезна, каде заврши. Се уште нема никаков епилог од тоа. Интересен момент е што и од фабриката „Самоков“ исчезна одредено количество оружје, кое се уште не е пронајдено и не знаеме каде заврши. Интересен податок е и периодот кога имавме мал конфликт во Куманово односно во Диво насеље, пред да се случи тој конфликт, имавме кражба во полициската станица во Гошинце, при што исчезна доста големо количество оружје, што по завршување на таа мини војна која траеше само два-три дена, нашите безбедносни служби го пронашле, но не знаеме колку и дали и со истото тоа оружје и муниција се пукаше кон нашите безбедносни служби, рече Муратов. Додаде дека тоа оружје од само овие три случаи има завршено во нечиии раце, а ние за тоа немаме податок и посочи дека тоа е организираниот криминал, што ние за жал не знаеме, дали тоа оружје е во земјава, во реионот или е завршено во еворпските држави. Најголеми шверцери на оружје не се како што некој мисли Албанците, не, тука има неколку Македонци, рече професор Иван Бабановски, лустриран како поранешен функционер на тајните служби, во разговор со Зоран Иванов, денеска емитуван на онлајн настанот на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: сè е поврзано“, во организација на Здружението на граѓани ЦИВИЛ. Бабановски меѓу другото напомена дека Раде Перишиќ, кој живеел вонбрачно со родена сестра на Јелцин, заедно со Аркан и некои лица од тука, го донеле оружјето во тоа време во нашата држава, а тоа оружје завршило, как што рече, на Пелистер и до денеска никој не дал одговор за тоа оружје. цр/са/      

Остани поврзан