• четврток, 26 март 2026

Дебата во Собранието: Да се стремиме кон општество во кое сите лица со попреченост ќе учествуваат целосно како активни граѓани

Дебата во Собранието: Да се стремиме кон општество во кое сите лица со попреченост ќе учествуваат целосно како активни граѓани

Скопје, 11 декември 2025 (МИА) – Поддршката за лицата со попреченост да не биде само декларативна, туку да се продолжи да се работи на легислатива со кои тие ќе бидат активни чинители во општеството. Парламентот преку своите тела треба да продолжи да работи потребите на лицата со попреченост да се вообличат во конкретни законски решенија што ќе гарантираат остварување на правата и создавање еднакви можности овозможувајќи инклузија на овие лица во сите општествени текови. Ова беше посочено на настанот „Поттикнување на инклузивни општества за лицата со попреченост за унапредување на социјалниот напредок“ што се одржа денеска во Собранието.

Претсаедателот на Собранието Африм Гаши во обраќањето истакна дека денот на лицата со попреченост е годишен повик за размислување за нашата институционална одговорност да изградиме општество каде што секој поедиенц е третиран со достоинство, еднаквост и почит.

-Овогодинешната тема за поттикнување на инклузивни општества за лицата со попреченост и за општествен напредок, не потсетува дека напредокот на едно општество се мери не само според економскиот и технолошкиот развој, туку и според способноста да создава простори каде што секој човек без оглед на предизвиците со кои се соочува, може да напредува, да придонесува и да го реализира својот уникатен потенцијал, рече Гаши.

Во однос на Собранието потсети дека овој период имало значајни чекори кон зголемување на инклузивноста и отвореноста кон граѓаните и тие иницијативи не биле преземени од формални причини, туку како резултат на искрена волја за Собранието да стане дом за сите, институција каде што никој не се чувствува исклучен.

null

-Овие случувања претставуваат солидна основа за нас денес слободно да зборуваме за уште подлабоки заложби во унапредувањето на правата на лицата со попреченост. Лицата со попреченост не треба да се гледаат низ она што општеството често го нарекува ограничување. Туку низ она што тие навистина го претставуваат. Тие се извор на инспирација, енергија и талент. Наша инстицуионална и морална должност е да создадеме услови, пиолитики и средини каде што овој потенцијал нема да остане невидлив туку ќе добие целосна форма, нагласи тој.

Гаши порача дека најголемата сила на нашето општество е неговата различност.

-Секој од нас носи единствена перспектива и придонес. Да продолжиме заедно со солидарност, емпатија и решителност да градиме општество каде што никој не се чувствува запоставен и каде што секој има простор да ги оствари своите соништа. Светската историја е полна со примери што докажуваат дека талентот, визијата и внатрешната сила не се ограничени од никаква тешкотија. Најголемите успеси во науката и во многу други области го носат печатот на луѓе кои имале попреченост, заклучи Гаши.

Претседавачот на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост, Никола Мицевски, истакна дека Меѓународниот ден на лицата со попреченост и меѓународниот ден за човекови права ни служи да се потсетиме за важноста на најголемиот демократски принцип, а тоа е вкучуањето на сите наши граѓани во демократските процеси.

null

-На овој ден им кажуваме на нашите сограѓани со попреченост дека тие се видливи а ние како политички чинители внимаваме на нивната општествена благосотојба при креирањето на политиките. Оваа важна комуникација се спроведува токму пркеу Инерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост. Визијата на оваа група уште од 2003 година е да претставува спрега помеѓу организациите на лицата со попреченост и власта, да биде гласоговорник кој ќе ги артикулира потребите на лциата со попреченост пред народните избраници. Како и да помогне тие потреби да се вообличат во конкретни законски решенија што ќе гарантираат остварување на правата и создавање еднакви можности овозможувајќи инклузија на овие лица во сите општествени текови, рече Мицевски.

Тој потсети дека низ годините оваа група активно работела на унапредување на правата на лицата со попреченост, истата продолжува понатаму со работа а како особен исчекор кој треба да се забележи е декларациата за правото на политичко учество на граѓаноите со попреченост од 2019 година што беше потпишана од пресседателот на Собранието и потпретседателите и сите координатори на пратенички групи во Собранието во име на сите пратеници.

null

Мицевски нагласи дека визијата на оваа група е општество во кое сите лица со попреченост ќе учествуваат целосно како активни граѓани.

На настанот беа презентирани наодите од истражувањето за маргинализирани лица – ИДСЦС/ПСП, резултатите од истражувањето на Парламентарниот институт, по што следуваше Панел-дискусија: Поттикнување на инклузивни општества за лицата со попреченост за унапредување на социјалниот напредок. нд/са/

Фото: МИА

Остани поврзан