Дебарското муфтиство избра нови членови на џамиските одбори
- Во просториите на Дебарското муфтиство беше одржан работен состанок, на кој беше спроведена постапката за избор на новите членови на џамиските одбори, како и членовите на Муфтиството и Меџлисот на Исламската верска заедница, објави Муфтиството.
Дебар, 23 декември 2025 (МИА) - Во просториите на Дебарското муфтиство беше одржан работен состанок, на кој беше спроведена постапката за избор на новите членови на џамиските одбори, како и членовите на Муфтиството и Меџлисот на Исламската верска заедница, објави Муфтиството.
На писутните им се обратил Дебарскиот муфтијата Решат ефенди Качалнику, кој на новоизбраните членови им посакал успех.
-Состанокот помина во конструктивна и работна атмосфера, со цел унапредување на организацијата и функционирањето на верските институции во рамките на Исламската верска заедница. На крајот од состанокот свечено им беа доделени и декретите на новоизбраните мутевелии, со што официјално се заокружи целиот процес, стои во објавата.

На состанокот присуствувале и претставниците на ИВЗ, Фејзула Садики и Мафиз Рустеми, кои со своето присуство и придонес ја поддржале постапката за избор.
Под надлежност на Дебарското муфтиство се општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуша. Има шеесеттина џамии, од нив седум се во градот. вт/вј/
Фото: Дебарско муфтиство и МИА