Дебарски иселеници финансираа поставување електронски екрани и друга опрема во џамиите во градот
- -На овие екрани ќе се прикажува исламскиот календар за времето на молитва, како и кратки и корисни пораки за верниците, со што информациите ќе бидат подостапни и поредовни за сите. Донацијата ја вклучува и целата помошна опрема, како и посебна програма дизајнирана специјално за потребите на џамиите во Дебар, рече за МИА, имамот Орхан Зенго, секретар на Дебарското муфтиство.
Дебар,12 август 2025 (МИА) - Дебарските иселеници, кои редовно донираат средства во повеќе сектори, главно здравството и реконструкција на повеќе верски објекти - џамии, сега финансираа поставување електронски екрани во џамиите во Дебар.
-На овие екрани ќе се прикажува исламскиот календар за времето на молитва, како и кратки и корисни пораки за верниците, со што информациите ќе бидат подостапни и поредовни за сите. Донацијата ја вклучува и целата помошна опрема, како и посебна програма дизајнирана специјално за потребите на џамиите во Дебар, рече за МИА, имамот Орхан Зенго, секретар на Дебарското муфтиство.
Во име на муфтиството и верниците изразува длабока благодарност до неколкумина почитувани хуманисти од дебарската дијаспора, кои сакале да останат анонимни, а кои доброволно и слободно придонесле за поставување на електронските екрани.
-Исто како што времето е свето во нашата религија, така е свето и неговото почитување. Овој проект е важен чекор во служба на посветеноста и организацијата на времето на муслиманскиот верник, нагласува тој.
Посакува „Алах да ги награди сите оние кои помагаат и придонесуваат за општото добро на нашата заедница".
Под надлежност на дебарското муфтиство се општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуша. Има џамии, од нив едум се во градот. вт/ар
Фото: МИА архива