• вторник, 05 ноември 2024

Дебарските комуналци редовно ги мијат и дезинфицираат градските улици

Дебарските комуналци редовно ги мијат и дезинфицираат градските улици

Дебар, 15 август 2024 (МИА) - Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и ова лето максимално е ангажирано во одржување на хигиената во градот. Покрај другото се врши миење и дезинфекција на главната и пофреквентните улици, почнувајќи од влезот  во градот, низ него, па се до излезот, на патот кон Струга.

- Миењето на улиците со вода во која ставаме и дезинфекциско средство го вршиме во ноќните часови. Почнуваме во 23 часот па се до раните утрински часови. Оваа активност ја реализираме редовно, секоја вечер во летниот период, а тоа го правиме повремено и во другиот период од годината, изјавија за МИА од управата на претпријатието.

Додаваат дека тоа добро го знаат дебрани, главни актери во оваа активност за чисти улици се Аќиф-Тити Далипи и неговиот син Мухамед, кои секоја вечер се ангажирани во насока на чист град, за кои од претпријатието имаат само пофални зборови.

Комуналците вложуваат максимум и во подигањето на отпад, како во градот така и населените места, каде од неодамна се поставени и контејнери.

Од претпријатието апелираат отпадот да се остава на определеното место за тоа, како и на рационално користење на водата за пиење за да не бидат принудени да го зголемуваат времетраењето на рестрикција,  од сегашните три часа. вт/мд/

Фото: ЈКП „Стандард“

Остани поврзан