• среда, 17 јули 2024

Двојна победа за Ред Бул на белгиското Гран при

Двојна победа за Ред Бул на белгиското Гран при
Спа, 28 август 2022 (МИА) – Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен е победник на денешната трка возена на „Спа“ за Големата награда на Белгија. Успехот на Ред Бул е двоен со оглед на второто место на Серхио Перез. Победничкиот подиум го комплетира Карлос Сајнц јуниор кој трката ја заврши на третата позиција. Бодови уште освоија (4 - 10.место) : Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Шарл Леклер, Естебан Окон, Себастијан Фетел, Пјер Гасли и Алекс Албон. По денешната победа Верстапен кој трката ја почна од 14-та позиција, ја зголеми предноста на табелата во однос на конкурентите за титултата. Сега Холанѓанецот има 284 бодови, Перез е втор со 191, Леклер трет со 186. Во поредокот на конструктори, Ред Бул е прв со 475 бода, Ферари собра 357, Мерцедес 316. зс/

Остани поврзан