• недела, 22 декември 2024

Дводневно заседание на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ 

Дводневно заседание на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ 

Брисел, 4 март 2024 (МИА) – Состојбата во Шенген зоната, евалуацијата на Законот за Фронтекс, борбата против трговијата со дрога и миграцијата ќе бидат главни теми на заседанието на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ што денеска и утре се одржува во Брисел. 

Денешното заседание ќе биде на ниво на министрите задолжени за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, со кое ќе претседаваат белгиските министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден и државна секретарка за азил и миграција Никол де Мур, чија земја е актуелен претседавач со Унијата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, министрите за внатрешни работи ќе ја разгледуваат актуелната состојба во Шенген зона и ќе дебатираат за евалуацијата на Законот на ЕУ за формирање на Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници (Фронтекс). 

На дневен ред на заседанието е и борбата против трговијата со дрога, кој е еден од главните приоритети на белгиското претседателство со ЕУ. По оваа точка министрите ќе расправаат за различните приоритетни иницијативи во борбата против трговијата со дрога и организираниот криминал, како на ниво на земјите членки, така и во соработката со државите од Латинска Америка и Карибите. 

Во заедничка полициска акција насловена „ѕидар“ на италијанските, германските, албанските, шпанските и британските власти, уапсени се 59 членови на албанската мрежа за шверц на дрога, меѓу ни

Министрите за внатрешни работи ќе дебатираат и за стратешките партнерства со трети земји како начин за подобро менаџирање со миграциските текови, со посебен акцент на состојбата со миграцијата во на источниот дел на Медитеранот. 

Белгиското претседателството дополнително ќе ги информира министрите за постапката на усвојување на законските предлози за борба против сексуалната злоупотреба на деца, со кои на интернет провајдерите би им се овозможило отстапување на правилата за заштита на личните податоци во секторите за електронски комуникации со цел да откријат, пријават и отстранат случаи на онлајн сексуална злоупотреба на деца и дополнително би им се вовела обврска да ги алармираат властите за откриените вакви случаи. 

Утре заседанието на Советот ќе продолжи на ниво на министрите за правда на земјите членки на ЕУ, со кое ќе претседава белгискиот вицепремиер и министер за правда и за Северното Море, Пол Ван Тигхелт. 

Министрите за правда ќе расправаат за новите предлози на Европската комисијата за воведување на минимални правила за спречување и спротивставување на криумчарењето мигранти, со посебен аспект на утврдување на дефиницијата на кривичното дело „криумчарење“ во европското законодавство. 

Француските власти денеска соопштија дека спасиле 42 мигранти кои се наоѓале на брод во Ламанш.

На дневен ред на утрешното заседание ќе бидат и можностите за подобрување на соработката меѓу правосудствата во ЕУ за зајакнување на борбата против трговијата со дрога и организираните криминални групо, како и за отпорноста на судските системи против заканите од организираниот криминал.  

Се очекува и министрите за правда да ги одобрат заклучоци за примената на Повелбата за основните права на ЕУ, во кои фокусот е ставен на зајакнување на довербата преку ефикасна правна заштита и пристапот до правдата. 

За време на работниот ручек на европските министри ќе им се придружат украинскиот државен јавен обвинител Андриј Костин и претседателот на Агенција на ЕУ за соработка во кривичното правосудство (ЕВРОЈУСТ), Ладислав Хамран, со кои ќе разговараат за прашањето поврзано со спротивставување на неказнивоста во врска со руската агресија врз Украина.  

Европската комисија на првиот ден на заседанието на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ ќе ја претставува еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, а на утрешното продолжение еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан