• недела, 22 декември 2024

Дводневна TAIEX работилница посветена на подобрување на транспарентноста и интегритетот на Собранието

Дводневна TAIEX работилница посветена на подобрување на транспарентноста и интегритетот на Собранието

Скопје, 8 ноември 2024 

Собранието на Република Северна Македонија со експертска помош од Европската комисија преку инструментот TAIEX на 7 и 8 ноември одржа дводневна работилница во Скопје, посветена на унапредување на политиките за транспарентност и интегритет.

Воведно обраќање имаше заменик-секретарот на Собранието Никола Ѓошевски, кој истакна дека можноста за користење на услугите на TAIEX, особено во делот на обезбедување на техничка помош при транспонирање и спроведување на законодавството на ЕУ, е од исклучително значење за Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на работилницата е да се подобри транспарентноста и интегритетот на Собранието (објавување изјава за интереси, изјава за имотна состојба на почетокот и крајот на мандатот, прашањата за имунитетот, политиките и процедурите за интегритет во парламентите, етички кодекс на пратениците и државните службеници).

На работилницата, експерти од Франција и Хрватска, заедно со собраниски службеници и служба од Државната комисија за спречување корупција, разменија искуства во однос на етичкиот парламентарен систем. Имено, во презентациите на експертите од Франција и Хрватска беше потенцирана важноста на транспарентноста и отвореноста на Парламентот. На работилницата посебно беше потенцирана потребата за обезбедување на ефективно имплементирање на повисоките етички стандарди и стандарди за интегритет, притоа земајќи ги предвид препораките на ГРЕКО во однос на пратениците.

Работилницата имаше за цел размена на искуства и практики кои се успешно примененети во земјите членки на ЕУ, со цел тие да бидат основа за унапредување на транспарентноста на Собранието, но и јакнење на интегритетот како клучен принцип во унапредување на демократските стадарди.

TAIEX е инструмент за техничка помош и размена на информации на Европската комисија. TAIEX ги поддржува јавните администрации во однос на приближувањето, примената и спроведувањето на законодавството на ЕУ, како и олеснувањето на споделувањето на најдобрите практики на ЕУ. Во голема мера се заснова на потребите и обезбедува соодветна експертиза прилагодена за решавање на проблемите за кратко време.

Собрание на Северна Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Собрание на Северна Македонија

 

Остани поврзан