• петок, 20 декември 2024

Движење Беса: Гостивар заслужува промена

Движење Беса: Гостивар заслужува промена
Гостивар, 14 октомври 2021 (МИА) - Политичката партија Движење Беса во Гостивар го одржа завршниот настан од предизборните активности во општината. Лидерот на Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, во својот говор пред гостиварци во спортската сала на ОУ „Исмаил Ќемали“ зборуваше за промените кои мора да дојдат по овие избори, бидејќи граѓаните тоа го бараат. Тој нагласи дека ја стекнуваат довербата и секојдневно го зголемуваат членството и придобиваат симпатизери. - На нашата програма им се придружуваат млади, мажи и жени, пензионери и работници, луѓе кои работат во сите сфери. Ова се случува затоа што имаме најсеопфатна програма, нашата програма има конкретни решенија за сите проблеми. Со влегувањето во власта промената на подобро веднаш почна да се чувствува. Граѓаните дишат послободно, земјоделците во Полог ја добиваат заслужената помош, рече Касами Кандидатот за градоначалник од редовите на Беса, Фадиљ Зендели, во обраќањето во кое ја побара поддршката на гостиварци ги критикуваше претходните градоначалници кои сега повторно бараат мандат. Според него, од општинската каса се трошат пари кои не се целосно реализирани и не се тие вредности кои се прикажуваат. На тој начин, како што рече, граѓаните не добиваат квалитетни улици, јавно осветлување и потребна хигиена. - Моите противкандидати избегнуваат јавни дебати и не доаѓаат да полемизираат со факти, бидејќи немаат ништо ново да покажат. Гостивар ја заслужува промената, Гостивар ќе ја направи промената, рече Зендели. На предизборниот собир се обратија актуелниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа и заменик-министерот за образование Арафат Шабани. згм/свс/

Остани поврзан