• среда, 15 мај 2024

Движење БЕСА: Ги осудуваме насилните протести

Движење БЕСА: Ги осудуваме насилните протести
Скопје, 6 јули 2022  Движењето БЕСА го осудува насилниот облик на протести кои се одржуваат во Скопје, особено во текот на вчерашниот ден и вечерва. Движењето БЕСА го осудува вандалското однесување врз приватниот имот во скопската чаршија и ги повикува сите страни да го зачуваат мирот и јавната безбедност. Насилните протести ги кршат правата на другите граѓани и ја зголемуваат несигурноста во државата. Во континуитет, Албанците до сега беа жртви на разни инсценации од страна на сите власти, затоа апелираме до надлежните да реагираат професионално и брзо за да се зачува мирот, безбедноста и имотот на граѓаните, за да нема дилема дека ваквите случаи имаат друга позадина, повторно за некое инсценирање на грбот на албанците. Ги покануваме и сите политички актери во земјата, во овие важни моменти од евроинтеграциската ориентација, сите да дадеме се од себе за да го зачуваме мирот и стабилноста на земјата, како и да дадеме максимален придонес за забрзување за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Движење БЕСА ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан