• понеделник, 23 декември 2024

Две сценарија за крај на сезоната во пинг-понгарското првенство

Две сценарија за крај на сезоната во пинг-понгарското првенство
Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Во очекување на олабавување на рестриктивните мерки донесени од владата, Македонската пинг-понгарска федерација изготви план на кој начин да се заврши сезоната 2019/20. Според првото сценарио доколку условите овозможат одигрување на откажаните натпревари заклучно со 5 јули, планирано е во три натпреварувачи циклуси да заврши лига првенството за сезоната 2019/20. Во првиот и во вториот циклус планирано е да се заврши регуларниот дел од лига првенството, додека третиот циклус е предвиден за плеј-оф натпреварите кои поради ситуацијата би имале скратен формат. Во плеј-офот учествуваат четири најдобро пласирани екипи од супер лигата по завршувањето на регуларниот дел од првенството. Во истиот, трет циклус планирано е одигрување и на бараж натпреварите за пласман во повисок степен на натпреварување и опстанок во лигите. Доколку сепак условите не дозволат звршување на првенството до 5 јули, федерацијата изготви план според кој нема да има испаѓање од лигите. За да нема оштетени екипи според моменталната ситуација на табелите во лигите од првенството Супер лигата ќе се прошири од осум на десет екипи, од првата лига во супер лига ќе се пласираат првопласираните три екипи. Првата лига ќе се пополни со трите првопласирани екипи од регионалните втори лиги. Доколку првенството нема можност да се одигра до крај, пинг понгарската федерација нема да прогласи шампион за сезоната 2019/20. Последните натпревари во македонското пинг-понгарското првенство се одиграа на 8 март по што настана прекин поради пандемијата на коронавирус. зс/

Остани поврзан