Две средни училишта од Велес и Струмица се трансформираат во Регионални центри за стручно образование и обука
- Владата на Република Северна Македонија на денешната 198-та седница донесе одлуки за трансформирање на средните општински училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес во Регионални центри за стручно образование и обука.
Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија на денешната 198-та седница донесе одлуки за трансформирање на средните општински училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес во Регионални центри за стручно образование и обука.
Со тоа, како што информираат попладнево од владината прес-служба, бројот на Регионални центри за стручно образование и обука во државата се искачува на вкупно пет. фф/дма/
Фото: Влада на Република Северна Македонија