• вторник, 25 март 2025

Две седми места за македонските натпреварувачи на Европското кадетско првенство во џиу џицу

Две седми места за македонските натпреварувачи на Европското кадетско првенство во џиу џицу


Ларнака, 24 март 2025 (МИА) – Забележителен настап имаа двајцата македонски натпреварувачи на Европското кадетско првенство во џиу ицу кое изминатиот викенд се одржа во Ларнака.
Во женска конкуренција настапи Марија Треневска во категоријата У18 над 70 килограми, освојувајќи го на крајот седмото место во конкуренција на 11 натпреварувачки. За Треневска ова беше дебитантски настап на европската сцена.
Македонски претставник во машка конкуренција беше Антонио Стојчески во категоријата У18 до 69 килограми.
Во силна конкуренција на 23 натпреварувачи, Стојчески го освои седмото место. ег
ФОТО: Македонска џуи - џица Федерација/Фејсбук

 

Остани поврзан