• понеделник, 23 декември 2024

Две нови општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Две нови општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво
Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика денеска потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги со две нови општини - Делчево и Кочани, од 24-те кои ги исполниле условите за добивање грант. Проектот предвидува развој на помош и нега за стари лица во домот, помош за лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и за лица со попречености, како и поддржано живеење. -Целта е согласно социјалната реформа услугите да ги доближиме до граѓаните таму каде што живеаат во нивните домови, нивната средина, во општините, во руралните средини... , рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по потпишувањето на договорите. Општина Кочани, појасни таа, воспоставува партнерски однос со Општинската организација на Црвениот крст и нивната услуга е давање помош и нега на стари и немоќни лица во нивните домови, а Општина Делчево заедно со НВО Бравура кооператива овозможува давање услоги за рехабилитација и реинтеграција на лица со посебни потреби. -МТСП високо на својата агенда ја има грижата за сите гражани во државата, пред се, за ранливите категории граѓани. Со носењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, сакаме овие граѓани  вистински да го добијат местото што им припаѓа во нашата држава, рече Шахпаска. Со потпишувањето на овие договори општините имаат обврска во рок од пет месеци преку општинските координатори, обука и едукација на даватели на услуги да овозможат од 1 април да почнат граѓаните да ги добиваат овие услуги во домовите на стари и изнемоштени лица, во домовите за лица со попреченост, како и во дневните центри. Во првата година средствата за услугите ќе се исплаќаат од грантот за кој и се потпишуваат договорите, а потоа, како што појасни Шахпаска, Министерството за труд и социјална политика ќе го преземе финансирањето на овие услуги. Министерството за труд и соцјална политика првите договори со седум општини - Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село, Василево и Кисела Вода ги потпиша на 26 октомври. Потоа на 18 ноември потпиша договори со уште десет општини - Чучер Сандево и Бутел, Јегуновце, Теарце и Желино, Крива Паланка, Кичево, Македонски Брод, Центар Жупа, Струга, Демир Хисар, Кавадарци и Струмица. сст/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан