• петок, 17 јануари 2025

Две елиминации на Ѓорческа на фјучрсот во Тунис

Две елиминации на Ѓорческа на фјучрсот во Тунис

Ла Марса, 16 јануари 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ги загуби двата меча денес на фјучрс турнирот во Ла Марса, Тунис на ИТФ турнирот што се игра за награден фонд од 40.000 долари. 

Во сингл мечот од првата рунда Ѓорческа по голема борба беше поразена од Кристина Дину од Романија со 2-1 во сетови (4:6, 6:3 и :5) за без малку три часа игра. Овој меч се играше два дена, откако првиот прекин беше во првиот сет при резултат 3:3 во гемови. Токму овој сет го освои Ѓорческа со 6:4 во гемови, а ривалката изедначи на 1:1 откако го доби вториот сет со 6:3.
Во решавачкиот сет Дину поведе со 4:2 во гемови, а Лина успеа да стигне на чекор до победа откако со серија од три гема поведе со 5:4. Но, до крајот на мечот противничката ја возврати серијата и со три гема стигна до 7:5 и победа од 2-1 во сетови.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа настапи заедно со Дину и загубија од вторите носителки Нина Варгова од Словачка и Јасмин Мансури од Франција со 2-0 во сетови (6:3 и 6:3).

Ѓорческа останува во Тунис и треба да настапи на уште еден ИТФ фјучрс турнир во Ла Марса следната недела. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан