Два силни земјотреса регистрирани во Иран (ДПЛ)
- Два силни земјотреса денеска се регистрирани во јужната иранска покраина Хормозган во близина на пристанишниот град Бандар Абас, јави иранската државна телевизија

Техеран, 14 ноември 2021 (МИА) - Два силни земјотреса денеска се регистрирани во јужната иранска покраина Хормозган во близина на пристанишниот град Бандар Абас, јави иранската државна телевизија.
Два земјотреса со интензитет од 6,3 и 6,4 степени според Рихтеровата скала во погодија јужен Иран. Земјотресите биле почувствувани и во неколку градови во провинцијата Хормозган.
Земјотресите биле почувствувани и во источниот дел на Обединети Арапски Емирати.
Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, но испратени се спасувачки екипи во погодениот регион. ми/