• понеделник, 23 декември 2024

Два порази на македонските селекции на шаховската Олимпијада

Два порази на македонските селекции на шаховската Олимпијада
Ченај, 2 август 2022 (МИА) - Четвртиот ден од шаховската Олимпијада во Индија донесе порази на македонските селекции во машка и женска конкуренција. Машката репрезентација загуби од Чешка со 0.5 – 3.5, а половина поен обезбеди искусниот Звонко Станојоски кој на првата табла ремизираше со Давид Навара. Женската репрезентација играше со Турција, и иако Ивана Манова на првата табла и Леа Ефтовска на третата табла пружија одличен отпор и изиграа борбено до пред самиот крај, сепак конечниот резултат беше пораз на македонската репрезентација од 0:4. Денеска машката репрезентација игра против репрезентацијата на Велс, а женската репрезентација против репрезентацијата на Тајланд. По четири кола во машка категорија во водство е репрезентацијата на Индија 2, додека македонските шахисти се на делба на 89 место. Во женска конкуренција во водство е репрезентацијата на Азербејџан, додека македонската репрезентација е на 103 место.ег/фф/

Остани поврзан