• петок, 22 ноември 2024

Два натпревари суспензија за Конте

Два натпревари суспензија за Конте
Милано, 26 јануари 2021 (МИА) - Суспензија од два натпревари му е изречена денеска на тренерот на Интер, Антонио Конте, поради вербалниот конфликт со судијата Фабио Мареска на саботниот натпревар против Удинезе во Серија А. Конте, поради протест, беше исклучен во судиското продолжение на мечот што заврши без голови, а инцидентот продолжи во тунелот на стадионот. Дисциплинската комисија на Серија А во образложениеto на одлуката, наведе дека тренерот на Интер „со висок тон упатил закани и навреди“ кон Мареска. Поради изречената казна, Конте нема да седи на клупата на Интер на натпреварите против Беневенто и Фиорентина. Конте е санкциониран и со парична казна во износ од 20.000 евра. ег/ми/ 

Остани поврзан