• недела, 12 мај 2024

Два коњички турнири викендов на хиподромот во Маџари

Два коњички турнири викендов на хиподромот во Маџари

Скопје, 11 мај 2023 (МИА) – На хиподромот во скопско Маџари, претстојниот викенд ќе се одржат мајски коњички турнири, 1. коло од отвореното Државно првенство и 1. коло од Куп на РСМ во прескокнување на пречки.

 

Организатори на натпреварувањето се Федерацијата на коњички спорт на РС Македонија и клубот за коњички спорт  Илинден од Скопје.

 

На програмата се по шест натпревари во прескокнување на пречки во двата дена во класи А, Б, Ц, Д , Е и Е* со височина на пречките од 0,70 до 1,30м./ширина 1,30м.

 

Почетокот на натпреварите и во сабота и во недела е во 10 часот. зс/

Остани поврзан