Двајца убиени во пукање на полигон во Јапонија
- Двајца војници загинаа, а еден е ранет денеска во пукање на полигон за обука на јапонската армија во префектурата Гифу, централна Јапонија, а осомничениот сторител е брзо уапсен.
Токио, 14 јуни 2023 (МИА) - Двајца војници загинаа, а еден е ранет денеска во пукање на полигон за обука на јапонската армија во префектурата Гифу, централна Јапонија, а осомничениот сторител е брзо уапсен.
„За време на вежба со боева муниција како дел од обуката за регрути, кандидат на силите за самоодбрана уби три лица“, се вели во соопштението на копнените сили за самоодбрана на Јапонија.
Две од трите жртви биле пренесени во болница каде починале од повредите. Третата жртва е во стабилна состојба и неговиот живот е надвор од животна опасност.
Според локалната полиција осомничениот вооружен напаѓач бил 18-годишен војник кој бил уапсен на лице место од други војници. Тој пукал со „намера да убие“, додаде полицијата.
Жртвите се маж на возраст од 50 години и двајца мажи на возраст од 20 години, според јапонската државна телевизија. паг/