• петок, 05 декември 2025

Двајца починати на експресниот пат Прилеп-Градско

Двајца починати на експресниот пат Прилеп-Градско

Велес, 7 август 2025 (МИА) -  Во СВР Велес вчера околу 14:35 часот било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од 60 годишниот Ќ.С. од Делчево, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата 57-годишна сопатничка С.С. од Делчево.

Како што денеска информира портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.ад/вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан