Двајца полицајци убиени во престрелка во Грозни, напаѓачот елиминиран
- Во престрелка во Грозни, главниот град на Чеченија, денеска се убиени двајца припадници на полицијата, како и еден напаѓач, пренесува ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор во полицијата.

Москва, 28 декември 2020 (МИА) - Во престрелка во Грозни, главниот град на Чеченија, денеска се убиени двајца припадници на полицијата, како и еден напаѓач, пренесува ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор во полицијата.
„Според прелиминарните информации, како резултат на нападот, двајца полицајци беа убиени во пукање во Грозни. Елиминиран е и еден екстремист, посочи изворот.
Според него, вооружен милитант ги нападнал полицајците.
Областа каде се случил инцидентот е блокирана. паг/