• сабота, 21 декември 2024

Двајца пакистански војници загинаа во Кашмир

Двајца пакистански војници загинаа во Кашмир
Исламабад, 23 септември 2020 (МИА) - Двајца пакистански војници загинаа денеска на границата меѓу Пакистан и Индија во поделениот регион Кашмир, на чија територија и двете земји имаат право на целосна овластување. Како што соопшти пакистанската армија, станува збор за непредвидено кршење на примирјето, а пакистанските сили возвратиле со пукање кон индиските воени испостави од каде доаѓал огнот, во кој, како што се посочува, индиската страна претрпела значителна штета. Засега нема коментар од Њу Делхи во врска со овој инцидент. Двете страни во минатото се обвинуваа меѓусебно за кршење на примирјето. потпишано во 2003 година. паг/  

Остани поврзан