Двајца мировници на ОН загинаа во Централноафриканската Република
- Двајца припадници на мировните сили на Обединетите нации беа убиени денеска во напад во Централноафриканската Република, соопшти ООН.
Њујорк, 18 јануари 2021 (МИА) - Двајца припадници на мировните сили на Обединетите нации беа убиени денеска во напад во Централноафриканската Република, соопшти ООН.
Портпаролот на ООН, Стефан Дижарик изјави дека мировниците биле погодени од оган на оската Бангасо-Гамбо.
Според него, девет мировници на ООН се убиени во „непријателски инциденти“ во изминатите седум дена во Централноафриканската Република и Мали.
Насилството во (ЦАР) се интензивираше по неодамнешните претседателски избори. паг/